Владата го избира потешкиот пат за интеграција“ – Мицкоски: Македонија ќе го заслужи местото во ЕУ со квалитет, а не со отстапки

0
50

Владата ќе го следи потешкиот пат кон Европската Унија, одбивајќи компромиси кои ги смета за понижувачки за државата и националниот идентитет, изјави премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2026 организиран од Македонија 2025. Тој нагласи дека членството во ЕУ треба да се заслужи преку реформи, квалитет и конкретни резултати, а не преку „потпишување бели листови хартија“ кои, според него, создаваат проблеми за идните генерации.

„Владата што ја предводам има различен пристап во споредба со претходната Влада. Ние оценуваме дека нема пократок пат. Поточно има, но тој пат има свои предизвици. Најчесто тие предизвици се понижувачки. И затоа велиме: ако треба да одиме по потешкиот пат, ќе одиме по тој пат, но тоа место ќе го заслужиме со квалитет и резултати, а не со потпишување бели листови хартија, бидејќи тие на крај создаваат проблеми за идните генерации.“, вели Мицкоски