Агелер: Не мислам дека е корисно ако важни прашања како миграцијата се користат само за политички поени

0
125

Амбасадорката рече дека миграцијата е огромно прашање во многу земји, вклучувајќи ги и САД, и оцени дека е нормално за овие прашања да постојат разговори со земјите сојузнички

Не мислам дека е корисно и продуктивно ако заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Ова во интервју за Сител вечерва го изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер коментирајќи ја темата за миграцијата што ја отвори лидерот на СДСМ, Венко Филипче, претставувајќи ја за големо безбедносно и политичко прашање.

Според Агелер, за прашање од олкава важност треба да се водат сериозни и продуктивни разговори.

„Навистина е лоша услуга за граѓаните ако ова се сведе само на политичка тема“,

изјави американската амбасадорка во интервјуто за Сител.