Аларм од ЗЕЛС: Во Македонија недостигаат над 400 пожарникари

0
246

Законот е јасен – на 1.500 жители треба да има по еден пожарникар. „Тоа е првата и најголемата болка која што ја имаме во општините“, вели Душица Перишиќ од Заедницата на единиците на локална самоуправа.

Северна Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените норми, а се провлекува и проблемот со недостиг на опрема и возила. „Во моментот во земјата имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800“, вели извршната директорка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Душица Перишиќ.

Според неа, законот е јасен – на 1.500 жители во Северна Македонија треба да има по еден пожарникар. „Тоа е првата и најголемата болка која што ја имаме во општините“, вели Перишиќ.

„Ги жртвуваат животите со стара опрема и возила“

Исто така, дел од пожарникарите работат со стари возила и стара опрема, а не постои ниту тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. „Мора да видите каква разноликост постои во нашите противпожарни единици кои имаат возила од 50-та години, нешто што останало од стариот систем, кои ги поправаат и се трудат да направат со нив што поуспешна работа. Разни донаторски организации и амбасади се обидуваат да ни помогнат, кои ни даваат возила и опрема кои се со различен метрички систем“, вели таа.
Dw.com