Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти во три стратешки региони

0
276

Албанската Влада официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026-2028, стратешки документ кој има за цел да ги подготви албанските институции да се справат со зголемените миграциски текови на територијата на земјата.

Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот а по предлог на министерот за внатрешни работи, додека нејзиното спроведување е доверено на Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование, структурите за цивилни вонредни состојби, како и други државни институции

-Прифатните центри нема да се градат концентрирано во еден град, туку ќе бидат распределени според мапата на миграциските текови и главните премини. Поточно, во југоисточните и јужните гранични региони, главно во Корча, Ѓирокастро и Валона, објавија медиумите.

Според документот во Албанија е предвидено формирање прифатни центри со фокус на мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои ги користат Албанија и Србија како транзитна траса кон Грција