Алиу: Бесплатен паркинг за онколошки пациенти, најскап за останати граѓани на Клинички

0
605

Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа.” Ценовникот на паркирањето нема да биде униформен за сите корисници, почнувајќи од бесплатни места, па сѐ до повисоки цени за граѓаните кои не се пациенти, изјави денеска министерот за здравство, Азир Алиу, по презентацијата на новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицината на трудот.

На прашање од новинарите поврзано со изградбата на новиот паркинг простор во Клиничкиот центар, министерот информираше дека наредната седмица ќе објави подетални информации на прес-конференција. Сепак, како што нагласи, во моментот може да потврди дека договорот ќе биде склучен со Јавното претпријатие Градски паркинг, кое и досега управуваше со паркингот на Клинички