Поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи ќе одат во ефективен притвор од 30 дена, одлучи Апелациониот суд Скопје.
Судот ги прифати жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара построги мерки за двајцата обвинети, укажувајќи на опасност од бегство.









