АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА СО СМЕНИ НА ДИРЕКТОРИ, ПЕТТА СМЕНА НА ПРВ ЧОВЕК НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

0
493

Скопската градоначалничка се покажа како личност која смени рекорден број на директори во градските претпријатија. Овој пат направи повторна смена во скопското Комунално претпријатие, петта по ред. Досегашниот директор Јетон Незири го смени со Сабахудин Рустеми кој доаѓа на ова место како кадар на ДУИ.

Рустеми доаѓа од Сарај и е голем поддржувач на ДУИ, и тоа не го крие па затоа на социјалните мрежи се забележува многу објави кои му се со поддршка на Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори.

Според неофицијални информации, Рустеми е ангажиран Комунална хигиена преку агенција пред неколку месеци