Артан Груби ќе остане без работа на Тетовскиот Универзитет

0
263

Тетовскиот Универзитет почнал постапка за разрешување на доцентот Артан Груби од факултетот за новинарство, извести „Алсат“. Деканот Сефет Емрули, вели дека иницијативата за отказ следува зашто Груби не се појавил на работното место без да даде објаснување.

-Од минатата недела не е на факултетот што е непочитување на обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Почнавме постапка со соодветни мерки. Ќе ја објавиме конечната одлука како Универзитет наскоро, изјави Емрули