Белградските медиуми блиски до власта со напад врз Македонија – ‘Банана државата го слави падот на Мадуро во Венецуела’!

0
261

Во жесток медиумски напад што привлече внимание низ регионот, *српски портали блиски до власта од Белград објавија низа навреди и остри критики на сметка на политиките на Северна Македонија, откако Скопје официјално ја поддржа глобалната реакција на настаните во Венецуела.

Според овие српски извештаи, кои користат навредливи фрази како „северно-македонски бедник“ и „балканска банана држава“, македонската влада и нејзиниот министер за надворешни работи биле критикувани што ја поздравиле интернационалната акција во Венецуела и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Овие реакции следат по изјавите на македонскиот шеф на дипломатијата, кој јавно ја поддржа ставената линија на западните сојузници поврзана со ситуацијата во Јужна Америка, потенцирајќи ја важноста на одговорноста и на борбата против организираниот криминал.