Беџети рече дека во државата постои сериозен проблем и повика и Македонци и Албанци да разговараат за тоа како се толкува и разбира Охридскиот договор.
„Ќе бидете сведоци дека целта на сите овие дејствија и политички притисоци се прави токму поради ова и поради интегративниот процес“, рече Беџети.
Тој додаде дека, доколку не се постигне согласност, „Албанците имаат легитимно право да бараат ново државно уредување и самите да одредат како и каде сакаат да живеат“.









