Камион што превезувал 250 милиони медоносни пчели се превртел вчера во американската држава Вашингтон. Несреќата се случила околу 4 часот наутро во близина на Линден, недалеку од канадската граница, кога камионот со околу 32 тони кошници се превртел во канал, соопшти шерифската канцеларија на округот Вотком. Возачот не е повреден. Според официјалните информации, камионот излетал од патот откако погрешно свртил на остра кривина. Полицијата, комуналните служби и бројни локални одгледувачи на пчели брзо пристигнале на местото на настанот и започнале спасувачка операција.
Планот е да им се овозможи на пчелите да го најдат патот назад до своите кошници и матица во наредните денови“, соопшти канцеларијата на шерифот, додавајќи дека целта е да се спасат што е можно повеќе пчели. „Голема благодарност до нашата заедница на одгледувачи на пчели – повеќе од дваесет од нив веднаш одговорија за да помогнат во оваа голема операција за спасување на милиони пчели“, се вели во соопштението.
Поради ризикот од убоди, на жителите им било советувано да ја избегнуваат областа. Некои полицајци, според локалните медиуми, морале да скокнат назад во своите возила за да ги избегнат пчелите.









