Битолчани добија 81 денар за штети од земјотрес

0
105

Граѓаните на Битола со револт реагираат откако деновиве почнаа да стигнуваат првите парични надоместоци за штетите од земјотресите во јануари 2022 година, кои, според нив, се симболични и не го покриваат реалното оштетување. На социјалните мрежи се појавија сведоштва за исплати од само 81, 192 или 357 денари, што предизвика бран критики кон надлежните институции.

Владата донесе одлука за обезбедување парична помош од пет проценти од проценетата штета, но исплатата, која започна деновиве преку наменска сметка на Општина Битола, е далеку од очекувањата на граѓаните.