Битолчани жртви на организирани телефонски измами со лажни сообраќајни несреќи

0
186

Битолчани жртви на организирани телефонски измами со лажни сообраќајни несреќи. Најчесто биле таргетирани повозрасни лица кои добивале вознемирувачки телефонски повици – дека нивен близок е тешко повреден во сообраќајна несреќа и дека итно се потребни пари за операција. Во други случаи пак на жртвите им било кажувано дека нивен роднина предизвикал тешка несреќа и дека парите се потребни за да се избегне затвор.
По три месеци измамами на десетина граѓани кои останале без над 60 000 евра, надлежните ја открија шемата

Обвинителството поднесе обвинение против четири лица кои ги преземале парите

Исплашени и во паника за своите најблиски, граѓаните се согласувале да предадат големи суми пари, златен накит и други вредни предмети. Сумите се движеле од неколку десетици илјади денари до повеќе од 20.000 евра.Парите најчесто биле предавани на различни локации низ Битола на лица кои претходно биле ангажирани преку огласи на Фејбук. Тие ги подигнувале парите директно од измамените граѓани

Одземените пари биле пренесувани во странство, каде што завршувале кај засега непознато лице во Бугарија.

Телоп ОЈОСите случаи ги поврзуваат и телефонски броеви од Романија, преку кои измамниците контактирале со жртвите. Поради тоа, обвинителството веќе побарало меѓународна правна помош за да се открие целата мрежа што стои зад измамите.

Бројот на ваквите измами се зголемиле од почетокот на февруари, кога се евидентирани дури шест случаи.