Брнабиќ до опозицијата: Полевајте ме со вода, само не ме гаѓајте со бомби и со јајца бидејќи смрдат

0
139

Кога пратеничката Јелена Милошевиќ од Странката на слободата и правдата (ССП) побарала од претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, да ја заштити опозицијата од недолично однесување на радикалите, споменувајќи дека тие во минатото дури и ги полевале со вода пратениците, Брнабиќ се насмеала и побарала од опозицијата во иднина слободно да ја полева со вода, објави „Данас“.