(ВИДЕО) Арсовска од Чаир: Копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и канализациона мрежа

0
306

Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и многу закани, рече градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска од Чаир.

ВИДЕО

Дрскоста оди до таму што денес копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и канализациона мрежа, демек во недела нема никој да ги фати, а на струја веќе див приклучок си направиле.

Во текот на утрешниот ден Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе добие уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир. Инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир, рече Арсовска.