ВИДЕО: Големи тензии во Виница откако е претепан кандидат за советник

0
344

Тензична беше атмосферата синоќа во Виница, откако кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ претепал друг кандидат за советник од редовите на партијата на Шабан Салиу, објави „Инфомакс“.

Според информациите на порталот, кандидатот со иницијали Д.М. тешко го повредил претепаниот И.С., а тој неофицијално е во кома и лекарите се борат за да го спасат неговиот живот.

Ова наводно било вторпат во рок од две недели Д.М. да го напаѓа И.С.

На снимка од синоќа од Виница се гледа како се собрале поголема група родници и пријатели на претепаниот кандидат за советник, додека на улиците се и полицајци со автоматско оружје. Гневните луѓе се закануваат дека „ќе ја запалат Виница“ доколку И.С. им подлегне на повредите.