(ВИДЕО) Масовни руски напади врз Харков – загинаа најмалку четири лица, а 17 се повредени

0
194

Според службите за итни случаи, нападите биле извршени со беспилотни летала, зградите биле уништени, а пожари се предизвикани во три станбени згради и еден објект за цивилна инфраструктура

Најмалку четири лица загинаа, а 17 се повредени во синоќешниот руски напад врз вториот по големина град во Украина, Харков. Информациите за нападите ги потврди градоначалникот на Харков, Игор Тереков, додавајќи дека меѓу повредените има и деца од 11 и 12 години.

Во шест урбани области на градот во североисточна Украина се регистрирани петнаесет напади.

Тереков посочи и дека и покрај мировните преговори за Украина, руските сили нападнале станбени згради.

Според службите за итни случаи, нападите биле извршени со беспилотни летала, зградите биле уништени, а пожари се предизвикани во три станбени згради и еден објект за цивилна инфраструктура.

Русија речиси секој ден ја таргетира Украина со беспилотни летала и ракети. Енергетската инфраструктура е посебен фокус, што предизвикува страв поради доаѓањето на зимата.

Украински, американски и европски претставници вчера се состанаа во Швајцарија за да разговараат за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека е оптимист во врска со можноста за постигнување договор, дека очекува тој да биде постигнат многу брзо и наведе дека е направен огромен напредок за време на преговорите во Швајцарија.

Харков се наоѓа на 30 километри од руската граница. Инаку, градот е цел на секојдневни напади врз инфраструктурата и станбените области.