Вчера во утринските часови, пациент од внатрешноста на државава кај кој лабораториски бил потврден грип од типот А почина на Инфективната клиника, соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести д-р Фадил Цана.
69-годишниот пациент е донесен на Инфективната клиника со исклучително тешка општа состојба, со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистерес синдром. Според директорот и покрај сите напори на медицинскиот персонал тој починал.
Пациентот е донесен во тешка општа состојба и веднаш е поставен на механичка вентилација. Кај него симптомите биле пет дена пред приемот во болницата. ТОј бил со многу коморбидитети. Тој не бил вакциниран иако бил во ризичната група која би требало да се вакцинира против сезонски грип, рече д-р Цана.
На инфективната клиника во последните 24 часа се извршени од 100- 115 прегледи, а повеќето се амбулантски случаи. На болничко лекување се лекуваат 25 до30 пациенти, но само еден е на механичла вентилација и се смета дека е тежок случај, нагласи директорот на болницата. Повеќето од нив се повозрасни и невакцинирани.









