Пратеникот, потпретседател на „Здрава Србија“ и кандидат на изборната листа на коалицијата на власт од 2023 година во Собранието, Милољуб Албијаниќ, јасно ги поддржа студентите, наведувајќи дека „на Србија не и треба цврста, туку чиста студентска рака“, за што доби критики и навреди од пратениците на СНС, а пофалби и аплаузи од опозицијата.
За време на својот говор на седницата за избор на новата влада, Албијаниќ рече дека овластувањата на претседателот Вучиќ се церемонијални, и дека „Maцут е надлежен и ќе мора да го дисциплинира претседателот за да не се меша во неговата работа“. Додека тој презентираше, владините претставници му довикуваа.









