Нема официјална информација за каков дефект станува збор, ниту за колку време би бил саниран.
Една од главните водоводни цевки вечерва пука во населбата Влае. Порталот „24news.mk“, објави видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а акко што јавува порталот, водата навлегува во дворови и во подруми од куќите.
Во меѓувреме, жители јавуваат дека нема вода во Хром, Ѓорче, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително е намален притисокот.
Во моментов нема официјална информација за каков дефект станува збор, ниту за колку време би бил саниран.









