На социјалните мрежи се појави снимка од воена вежба во Русија, на која се гледа како тренинг со митралез YakB-12.7, поставен на фиксна платформа, завршува со сериозен инцидент.
Според објавените информации, руските војници го монтирале хеликоптерскиот митралез за обука, но за време на гаѓањето вежбата брзо излегла од контрола. Засега нема официјални информации дали има повредени или за околностите под кои се случил инцидентот.
Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.









