Гости во емисијата „Претрес со Ландов“ вечерва беа активистите на „Сапорт Кочани“, кои укажуваат на проблемите со кои се соочуваат, на несоодветниот однос на новата директорка на болницата, која дури и ја вртела главата од нив, но и за пожртвуваноста на дел од медицинскиот персонал.
„Ние имаме дури и закани бидејќи многу сме зборувале, а ние ја говориме вистината”, велат од „Сапорт Кочани“.
Тие велат дека ништо не може да ги поколеба во нивните напори и нивната мисија.
„Ние уште од почетокот се држиме, по сите сопки и сите притисоци што ни ги прават од секаде, пробуваме да бидеме онака нормални и веќе гледате, во последниот период, да работиме на работите, а толку да не ги покажуваме сите работи што ги правиме, затоа што гледаме дека само си создаваме повеќе непријатели“, вели Иван Ивановски од „Сапорт Кочани“.









