[ВИДЕО] Со автомобил влетаа во демонстрантите во Србија, а потоа излегоа и тепаа луѓе

0
761

Во Нови Сад, Белград и други градови и денеска се организира акцијата „Застани Србијо“, со 15-минутно молчење во 11:52 часот во моментот на падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Граѓаните излегоа на улиците и го блокираа сообраќајот на улицата Футошка во Нови Сад, кога возач удри во нив со автомобил.

Тогаш четворица мажи излегле од автомобилот и почнале да ги тепаат луѓето со тупаници.


„Еден автомобил сакаше да ја пробие блокадата и почна да гази еден наш активист. Јас им викав да застанат, тие застанаа, излегоа и почнаа да не тепаат. Го претепаа човекот што го соборија со автомобилот, а и мене ме удрија неколку пати“, изјави Роберт Силберхолц кој беше сведок на инцидентот на раскрсницата на Булевар Ослободување и улицата Футошка.