(Видео) Трамп: Сум рекол дека Зеленски е диктатор? – Не можам да поверувам дека сум рекол такво нешто

0
249

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека негува „големо почитување“ кон украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на нивната средба во Белата куќа. Неодамна го нарече диктатор, а запрашан дали ќе се извини, Трамп одговори дека не може да се сети дека го рекол тоа. Додаде дека Зеленски е многу храбар.

„Дали јас сум го рекол тоа? Не можам да верувам дека сум го рекол тоа. Наредно прашање“, одговори Трамп.

Видео