Седумдесетгодишен маж почина во Истанбул откако бил брутално претепан во расправија околу паркинг-место, јавуваат турските медиуми. Во инцидентот тешко е повреден и негов сопатник, кој е хоспитализиран.
Според првичните информации, расправијата започнала кога две групи се обиделе да паркираат на истото место. Вербалниот конфликт брзо прераснал во физичка пресметка во која учествувале повеќе лица. Напаѓачите го извлекле возачот од автомобилот и го претепале, нанесувајќи му тешки повреди.
И покрај брзата интервенција на итната медицинска помош, повредениот подоцна им подлегнал на повредите во болница. Неговиот сопатник, кој исто така бил нападнат, се наоѓа во тешка состојба, но е надвор од животна опасност, според последните информации.









