Владата имала механизам да ги одземе ингеренциите за ѓубрето од Град Скопје

0
212

Иако Скопје со недели се соочуваше со сериозна криза во управувањето со комуналниот отпад, Владата не прогласи кризна состојба, ниту ги презеде надлежностите од Градот, иако Законот за управување со отпад тоа го овозможува. Според член 129 од законот, доколку општините или Градот Скопје не ги извршуваат обврските за собирање отпад, Владата може да ги преземе надлежностите до една година, пишува порталот 360. Меѓувреме, чистењето на сметот ад-хок го презедоа кандидатите за градоначалници, дел од нив и без формални ингеренции.Од Владата велат дека се спроведува вонреден инспекциски надзор и дека градоначалникот има законска и морална обврска да обезбеди непречено функционирање на јавните претпријатија.