ВМРО ДПМНЕ или ДУИ за кого ќе гласа ВЛЕН во Кичево?

0
566

Кичевчани сами треба да донесат одлука за кого да гласаат на 2 ноември оти за кандидатот од НАИ Дехари излегоа компромитирачки материјали и секој повик за јавна поддршка за овој кандидат е невозможна. Ова е ствот на ВЛЕН за вториот круг во Кичево .

Подолу е целото партиско соопштение на ВЛЕН

Најпрво, треба да биде јасно гласовите не ги имаме во џеб за да ги вадиме кога ќе посакаме. Станува збор за доверба и волја на граѓаните да излезат и да го дадат својот глас за кандидат во кој веруваат дека ќе им го подобри животот на локално ниво.
За жал, кичевчани направија избор да ја продолжат лошата власт со Фатмир Дехари. Тоа е првата работа.
Втората работа е ставот на нашиот кандидат за општина Кичево, Фатмир Лимани, беше јасен уште од почетокот на изборната трка: оној што ќе влезе во вториот круг, ќе биде поддржан.
Но имаме нова ситуација во која се објавени компромитирачки материјали кои го разголуваат кандидатот на НАИ и го лишуваат од секое морално право да извршува јавна функција.
Поради тоа, како коалиција побаравме тој да се повлече. Тој не се повлече, и токму тоа ја прави секоја јавна поддршка скоро невозможна. Кичевчани сами треба да ја донесат оваа тешка одлука.
Затоа, како коалиција, никој не може да ни „фактурира“ ништо. Одговорноста паѓа директно врз Али Ахмети, кој не најде храброст да го повлече сопствениот кандидат.
ВЛЕН останува доследна на своите принципи и јасна во своите ставови, јавниот морал не се преговара, се вели во соопштението на ВРЕДИ