ВНИМАТЕЛНО: ОД ВЕЧЕРВА НАЈАВА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПОКРИВКА И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

0
248

Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме,што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег, информира метереологот Славчо Поповски

Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка, а поради засилениот ветер од северен правец ќе има појава и на снежни наноси.

До понеделник наутро во најголем дел од Македонија, и тоа во градовите ќе се формира снежна покривка со висина до околу, и над 20 сантиметри, во повеќето градови и со висина од над 30 сантиметри, локално дури и над 40 сантиметри, а на планините и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу и над еден метар.