ВОЗДУХОТ НАД АЕРОДРОМ ДОБИ ВКУС. ДО КОГА НАДЛЕЖНИТЕ ЌЕ ГО ИГНОРИРААТ ЗАГАДУВАЊЕТО“: Левица со видео доказ за чадот во Скопје

0
183

Воздухот над Аеродром доби вкус. Вчера УСЈЕ ги почасти аеродромци со “вкусен” и канцероген густ чад. Сликиве во видеото снимано од Водно наликуваат на Хирошима и Нагасаки.

Прашуваме до кога надлежните институции ќе го игнорираат загадувањето од УСЈЕ и нема да постапуваат согласно законот. Сведоци сме дека состојбата трае со години, а од загадениот воздух од година во година има сѐ поголем број на заболени од белодробни заболувања, карциноми и смртни случаи.

Бараме од институциите веднаш да постапат по случајот УСЈЕ, а не да се вадат на “сѐ е според закон”, само заради остварување на профит на штета на граѓаните