Во Скопје ќе никне уште еден споменик , на првиот градоначалник на главниот град

0
155

Ќе се поставува споменик на првиот градоначалник на Скопје, Јосиф Михајловиќ-Јурукоски. Тој бил на функцијата со мали прекини од 1929 до 1941 година и се смета за „татко на модерното Скопје“, пишува СДК.МК

Во буџетот за култура на Град Скопје за 2026 година предвидени се еден милион денари за изработка на спомен-обележје на Михајловиќ-Јурукоски.

„Сметавме дека оваа личност, татко на модерното Скопје, заслужува едно такво обележје во главниот град. Во програмата се обезбедени пари за оваа намена“, вели Тања Балаќ, раководителка на Секторот за јавни дејности во Град Скопје

Извор Сакам да кажам