Во функција клучката Подмоље, дел од автопатот Кичево – Охрид

0
305

Денес, а најдоцна утре во функција ќе биде клучката Подмоље која е на трасата на автопатот Кичево – Охрид, најави денес директорот на Јавнот претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски беа извршија увид на работите на делницата од Климештани до Охрид која е во должина од 15 километри.

„Со пуштањето на клучката ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот“, рече Трајановски.

Вицепремиерот Николоски рече дека со ова се решава уште една горлив проблем на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а тоа е клучката Подмоље, која што го спојува Охрид и Струга, но и две држави Македонија и Албанија.

„Ги решивме имотно правните односи, ги решивме сите административни проблеми кои што ни стоеја на патот. И веќе од денеска е функционална што значи многу побрзо проток на луѓе и патници од Струга и од соседна Албанија кон Скопје, но исто така и многу побезбеден сообраќај, бидејќи ова беше точка каде што навистина имаше големи проблеми“, рече Николоски, додавајќи дека е задоволен од динамиката на изградба на автопатот.

Премиерто Мицкоски се осврна на свлеќиштат на автопатѕската делница кои задаваат многу главоболки, при што рече дека се работи и на нив, а се се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето.