Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

0
295

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија од Клиничка болница-Штип.

Во болницата е донесен без знаци на живот, со неколку прострелни рани.

Лекарите се обиделе да го реанимираат, но обидите биле неуспешни.

Лицето кое синоќа пукало во починатиот Е.О е во бегство.

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип соопштија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

На социјалните медиуми после полноќ се појавија и видеа на кои се гледа дека возило ја пробива рампата на едната од патарините на автопатот Штип-Скопје.

Инцидентот во СВР-Штип е пријавен во 21.30 часот.