Времето денеска: Магливо утро, преку ден облачно, а вечерта дожд

0
115

Од вечерва се очекува период на облачно време со повремени локални врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата

Променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска.

„Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени“,

пишува во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од вечерва се очекува период на облачно време со повремени локални врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата.

На повисоките планини, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Се очекува минималните темпратури да бидат позитивни.