Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност и со температура до 19 степени

0
168

Од УХМР велат дека следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 12 до 19 степени.

Во одделни делови од Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 степени наутро до 16 во текот на денот.

Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Темпертурата во текот на денот ќе се движи во интервал од 13 до 20 степени.

Од УХМР велат дека следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.