Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во пресрет на денешната тематска седница на Владата на Србија посветена на клучните стратешки прашања, упати критики до носителите на извршната власт, порачувајќи дека мора да работат посериозно и поодговорно.
Ќе поставувам прашања кои се едноставни, но на кои не е лесно да се дадат одговори, со цел некои да ги натерам да работат посериозно и да сфатат дека не се тука поради себе, туку поради граѓаните“, изјави Вучиќ во гостување на телевизијата Прва, пред седницата што ќе се одржи во Палатата Србија, а на која ќе присуствуваат и тој и претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.









