ГЛОБАЛНИОТ ТРГОВЕЦ СО НАФТА „ГУНВОР“ ЌЕ ГИ КУПИ СИТЕ СТРАНСКИ ИМОТИ НА „ЛУКОИЛ“

0
1277
история_стартовая.jpg

„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде неговите странски имоти на глобалниот трговец со енергенси „Гунвор“, на што се реши откако Доналд Трамп воведе санкции за вториот по големина руски производител на нафта поради војната во Украина. Продажбата на средствата е најзначајната акција што руската компанија ја презема поради западните санкции.

„Лукоил“ соопшти дека прифатил понуда од „Гунвор“ за продажба на „Лукоил интернешнал“, кој ги контролира странските имоти на нафтениот гигант.

„Клучните услови на трансакцијата се претходно договорени од двете страни. ‘Лукоил‘ ја прифати понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, соопшти „Лукоил“.

„Гунвор“ потврди дека е во преговори со „Лукоил“ за евентуално преземање на неговите странски средства.

„Гунвор“ е мултинационална компанија со седиште во Кипар, основана во 2000 од рускиот олигарх Генади Тимченко и шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист. Таа е четвриот најголем трговец со сурова нафта на светот.