ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ РЕСЕНСКО СПАСЕНИ ВИКЕНДИЦИ И КУЌИ

0
274

Со брзата реакција на екипите на територијалната противпожарна единицаод Ресен, викендиците и куќите од селото се спасени од пламените јазици по што огнот се движел кон непристапен терен, каде што гаснењето е отежнато.

Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување веќе се вклучени во акцијата, а поради високите температури, полициски хеликоптер ќе се приклучи во 16:30 часот. На терен се и жители од селото, кои помагаат на пожарникарите во локализацијата на пожарот, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.