Готова е обдукцијата за Ведат Адеми – пациентот кој почина во кумановската болница по примање терапија

0
405

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, извести Јавното обвинителство.

Триесет и двегодишниот кумановец починал во болницата во Куманово, само еден час откако му била поставена венска линија за администрирање лек во кој имало аналгин.

Во неговата медицинска историја имало податок дека додека се лекувал во Германија, пројавил реакција на лек аналгин, ама до тој податок немало потпис и печат од докторот.