Го снема од мрежите видеото со Ахмети во униформа, кое го споделуваа функционери на ДУИ

0
338

Видеото кое деновиве масовно го споделуваа членови и функционери на ДУИ, на кое можеше да се види лидерот на партијата Али Ахмети облечен во униформа, во сцени од воениот конфликт во 2001 година, синоќа е избришано од интернет.

На снимката се слушаа воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и фотографии и видеа на Ахмети во униформа на УЧК и средби на лидерот на ДУИ со косовски и албански политичари. Во фокусот на милитантното видео беше обраќање на Ахмети, во кое тој велеше дека „никогаш не изгубил ниту една војна