Граѓаните алармираат: Вардариште предизвикува астми и гушења кај децата

0
277

Неколку десетици граѓани втор ден по ред протестираа против загадувањето од депонијата „Вардариште“. Со свирежи и транспаренти со пораки за чиста животна средина, тие се собраа кај мостот „Киро Глигоров“ кај паркот „Авионче“ во Аеродром. Протестот се одржа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, поради што сообраќајот во овој дел од градот беше во прекин.

Воздухот секојдневно мириса на пластика, тоа е штетно за здравјето“, изјави еден од демонстрантите за 24 инфо.