ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧАТ НА АЛБАНИЈА ИЛИ БУГАРИЈА“: Ахмети со закана до Мицкоски, ако Македонија не го продолжи патот кон ЕУ

0
226

Лидерот на ДУИ Али Ахмети заедно со неговите коалициони партнери го отворија изборниот штаб во Тетово, од каде повторно испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски, овојпат, со закана дека ако Македонија не го продолжи патот кон ЕУ, граѓаните ќе се приклучат дел кон Албанија, дел кон Бугарија.

Вели дека Македонија има само една алтернатива, а тоа е Европската Унија.

„Не ги хранете со омраза нашите сограѓани, бидејќи не се Албанците кои ја земаат државата, ниту Албанија, ниту Бугарија. И Албанија и Бугарија се во ЕУ, а ние каде ќе бидеме?“, рече Ахмети од Тетово.

Тој подоцна објави и фотографии од отворањето, со став дека не се работи за партија или поединец, туку за Албанците во Македонија.

„Здружувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците што ни ги сервираат „доцните патриоти“. Знаеме дека нашиот пат не е лесен, но нашиот сојуз е гаранција дека никој не може да нè запре“, напиша Ахмети.