Груби недостапен, Обвинителството бара притвор

0
353

Скопското обвинителство побара притвор за првоосомничениот Прпарим Бајрами и второосомничениот Артан Груби по кривичното дело „Проневера во служба“во Македонска лотарија. Бајрами е осомничен дека без одобрение на управниот и надзорниот одбор презел активности за самостојно организирање на електронски игри со нарачување тендер за ВЛТ терминали чија пресметка изнесува над 8 милиони евра или 42% од буџетот на лотаријата. Поранешниот вицепремиер Груби е осомничен дека на 06.06.2023 година како раководител на владината седница го одобрил барањето иако знаел дека за конкретната јавна набавка таа е незаконска и дека „Државна лотарија“ нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.