Изворите на американската разузнавачка агенција го нарекувале Глигоров „стар и мудар лисец“, открива документот декласифициран неодамна
Грција во 1992 година му нудела на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров финансиска помош од 100 милиони долари за земјата во замена за промена на името на државата, но тој го одбил предлогот, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА.
Фото: Глигоров на средба со поранешниот претседател на ЕК Жак Делор во 1993 година / Фото: Wikimedia Commons / European Commission









