Првата дебата меѓу кандидатите за градоначалници на Град Скопје, во вториот круг на Локалните избори 2025 ќе се одржи следниот вторник на Канал 5, објави кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.
“Дебата во вторник на Канал 5, па да си дочекаме уште повеќе дебати.
Јас и мојот противкандидат во овој круг означуваме потенцијална промена на политичките генерации во Македонија, релативно млад дуел за Скопје.
Затоа, следниот вторник на дебата ќе може да се заклучи кој претставува нова визија, a кој ја влече деструктивната политика на минатото во иднината.“ – напиша Мециновиќ.









