Јавниот превоз во Тетово станува бесплатен за граѓаните

0
246

Денес, Општинскиот совет гласаше за важна одлука за нашите граѓани!

Јавниот превоз станува БЕСПЛАТЕН за сите оние кои ги имаат подмирено своите обврски кон Општината.

Од оваа одлука ќе имаат корист и учениците од основните и од средните училишта, како и сите здруженија и институции кои ќе потпишат меморандум за соработка со Општина Тетово.

Ова е конкретен чекор за наградување на граѓанската одговорност, за олеснување на движењето и за создавање подобар град за сите.