Денес сонце и „пекол“ од 41 степени – само ладовина и течности се спасот!

0
585

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.

Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 41 степени Целзиусови, додека УВ индексот ќе изнесува 9.