Десет месеци затвор за Јасмина Костадинова за примање мито за посредување за пари од ИПАРД програмата – одбиено нејзиното барање за поврат на 6.000 евра

0
114

Десет месеци затвор доби Јасмина Костадинова, вработена во министерството за земјоделство, која на последното рочиште призна вина за примање мито за посредување за фирма да добие пари од ИПАРД програмата. Во отслужување на казната на Костадинова, која се бранеше од домашен притвор, ќе ѝ биде засметан и периодот од 5 ноември во 2025 година. Костадинова се согласи да остане во домашен притвор и судот ѝ ја продолжи мерката.

Нејзиното барање за поврат на 6.000 евра е одбиено и со одлука на судот ќе ѝ бидат конфискувани сите 8.000 евра што беа запленети при претресот на полицијата. Процесот за останатите продолжува на 11 мај.

„Улогата ѝ била клучна во министерството за да може да се изврши и поткопа доверба во администрацијата. Злоупотребата на фондовите може да има далекусежни последици, а блокирани беа парите за земјоделците“, рече судијката Ленка Давиткова при изрекување на пресудата

Извор Телма.