ДЗС: Два авиона насочени за слетување во Приштина поради силен ветар, други два кружат над Скопје и чекаат инструкции

0
232

Два авиона се пренасочени да слетаат на аеродромот во Приштина поради силен јужен ветар што го зафати скопскиот регион, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од ДЗС информираат дека други два авиона сѐ уште кружат над главниот град и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје.

Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, пак, утринава соопштија дека се очекува да наврне поголема количина дожд, односно над 30 литри на метар квадратен, додека ноќеска во северозападните делови на земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, до 60 километри на час.