Министерството за надворешни работи на Израел објави видео-снимка од ликвидацијата на висок припадник на Иранската револуционерна гарда – Бехнам Шахријари, кој раководел со единицата задолжена за логистика и трансфер на оружје.
Шахријари, кој бил истовремено дел од елитната единица Кудс, настрадал во прецизен напад извршен од страна на Израелските одбранбени сили (ИДФ) на територија во западен Иран, повеќе од 1.000 километри оддалечено од израелската граница.
Според официјалното соопштение, тој бил една од најважните алки во мрежата преку која иранскиот режим обезбедувал оружје за своите сојузнички вооружени групи низ регионот. Шахријари наводно го координирал преносот на оружје и средства во вредност од стотици милиони долари годишно, со цел спроведување на политиката на Иран против Израел.









