ДОДЕКА СУМ ЈАС ПРЕМИЕР, НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ ТОА ШТО ГО ЗБОРИ МЕЏИТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ЗА НАЈАВАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ИЛЈАДНИЦИ АЛБАНЦИ ВО ДРЖАВНА СЛУЖБА

0
238

Додека сум јас премиер, нема да има таква работа, рече Христијан Мицкоски за најавата на првиот вицепремиер Изет Меџити дека за една година на власт ќе се вработат до 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација.

„Нема таква работа, ниту пак ќе има додека сум јас претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат и добро е да се вработуваат луѓе кои ќе бидат компетентни и кои ќе одговорат соодветно на тие работни места. Тоа сега партиски клучеви, етнички клучеви, тоа не треба да го дискутираме, сме го кажале. Ќе направиме закон за да има правична застапеност, етничка, бидејќи овој што го направија претходните Уставен суд го поништи. Бидејќи Бандитерот е уставна категорија, ние мораме да го усогласиме законодавството согласно уставната категорија. Некој може да седи да си прави списоци, јас тоа не го исклучувам, но додека сум јас премиер, таква работа нема да се случи“, рече Мицкоски по посетата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто, Општина Гази Баба, кој ќе се реконструира.